Шокантни вести пристигнале за фудбалерот на Брајтон, Енок Мвепу. Репрезентативецот на Замбија на само 24 години мора да стави крај на кариерата поради срцева болест.
Англискиот клуб утрово потврди дека Мвепу става крај на кариерата, а во јавноста се огласи и првиот доктор на клубот, Адам Брет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова е навистина голем удар за Енок, но неговото здравје и семејството се најважни и затоа ова е правилна одлука“, Брет.
Проблемот на Мвепу бил откриен откако му се слошило додека бил со репрезентацијата. Веднаш бил хоспитализиран во Мали, а подоцна во Брајтон му биле направени детални прегледи на кои се потврдиле лошите вести.
Во соопштението се наведува дека болеста била наследна, но се рефлектирала во подоцнежниот период од животот и никако претходно не можела да биде откриена.