Дома Фудбал Репрезентации Шокантна одлука: Соиграчот на Роналдо НЕ сака да игра на Мундијалот!

Шокантна одлука: Соиграчот на Роналдо НЕ сака да игра на Мундијалот!

Репрезентативецот на актуелниот шампион на Европа побарал од селекторот и нацијата да му простат поради неговата одлука да не игра на претстојниот Мундијал.

Многумина фудбалери сонуваат дресот на својата земја да го носат на најголемиот планетарен турнир, но тоа не е случај и со – Фабио Коентрао!


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Португалецот го шокираше фудбалскиот свет со својата објава дека не сака да настапи на Мундијалот.

„Минатата недела, после многу размислување му соопштив на селекторот дека поради исцрпеност донесов одлука да на играм на Мундијалот, не се се чуствувам спремен да ја претставувам мојата земја“, напишал Коентрао.

Бидејќи не соопшти дека планира да се повлече од репрезентацијата, а на јавноста не е и е познато дека станува збор за некаква повреда, оваа одлука секако изгледа шокантно.

„Никогаш нема да и го свртам грбот на мојата земја, се надевам дека во иднина почесто ќе бидам дел од репрезентацијата. До тогаш ќе ви бидам верен навивач. Се гледаме наскоро. Среќно момци“, додаде Коентрао во своето обраќање преку друштвените мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …