Дома Фудбал Англија Шмајхел со критики за Де Геа: Во седум натпревари направи седум кикса!

Шмајхел со критики за Де Геа: Во седум натпревари направи седум кикса!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел испрати жестоки критики на актуелниот прв голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Шмајхел го критикуваше Шпанецот и смета дека тој не е истиот голман откако пред четири години му пропадна трансферот во Реал Мадрид. Де Геа беше на чекор од трансфер во Реал, тој трансфер пропадна само затоа што задоцнија документите и проедниот рок веќе беше затворен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Очигледно е дека не е фокусиран. На седум натпревари направи седум кикса кои директно влијае на резултатот. Кај клубовите кои се борат за трофеи вакво нешто не може да се замисли. Мое мислење е дека Де Геа не е истиот голман откако му пропадна трансферот во Реал. Проблем за Де Геа е и тоа што Јунајтед не успева да се стабилзира. Целата ситуација веројатно доведува до тоа и тој самиот да се сомнева во својот квалитет“, изјави Шмајхел.

Овој коментар на Шмајхел доаѓа после натпреварот за викендот против Евертон во кој Де Геа уште во третата минута прими гол по негов кикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како за Барселона во Франција, така за ПСЖ во Шпанија! 🎥

Пред реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен…