Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум сакаат успешен настап на евросцената!

Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум сакаат успешен настап на евросцената!

Денес три македонски екипи ќе настапат на европска сцена.

Шкендија со пораз ја отвори евросезоната за македонските клубови, Мура славеше во Скопје. Своите натпревар денес ќе ги одиграат Силекс, Струга Трим Лум и Шкупи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Струга Трим Лум дебитира во Европа и нивни противники Лиепаја од Летонија од 16 часот. Ќе напоменеме и дека Струга гостува во овој дуел.

Во истиот термин на теренот на ФФМ Силекс ќе игра против Петрокуб од Молдавија. Кратовскиот клуб иако е второлигаш со победата во Купот на Македонија обезбеди излез на евросцената и ќе ја претстава Македонија.

Шкупи вечерва на хартија е фаворит на Арената „Тодор Проески“ против косовски Лапи, па ќе видиме дали чаирчани ќе ја оправдаа улогата. Шкупи долго време чека на европска победа, а во последните години во кои излегуваа беа елиминирани во првото коло. Сега со Гоце Седлоски на клупата се надеваат дека нема да биде така

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

16:00 ЛИЕПАЈА – СТРУГА ТЛ
16:00: СИЛЕКС – ПЕТРОКУБ
20:00: ШКУПИ – ЛАПИ

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …