Раководството на Шкупи го ангажираше поранешниот фудбалер на Вардар, Али Адем.
Али Адем доаѓа на позајмица од грчки Арис и истакна дека е среќен што се враќа во Македонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Екипата на Шкупи есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата, а со ова засилување покажа дека има високи амбиции сезонава.
„Многу сум среќен што дојдов во клуб со голема традиција, моето доаѓање во овој клуб е поврзано со амбициите, посакувам да станеме шампиони и да ја вратиме титулата на Чаир која долго време недостасува“, изјави Адем.