Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи се жали, не му било дозволено да слетаат во Даблин

Шкупи се жали, не му било дозволено да слетаат во Даблин

Денес во Даблин од 21.00 часот, Шкупи ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лига Европа против Шамрок Роверс.

Меѓутоа, од Шкупи преку соопштение се пожалија на неспортски третман од страна на орскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На делегацијата на Шкупи не и било дозволено да слета во Даблин, а слетале на 300 километри од местото каде се игра натпреварот, иако патуваат со чартер-лет. УЕФА интервенирала, но немало позитивен одговор од Ирска! Според планот, по натпреварот вечерва, делегацијата на Шкупи повторно мора да патува 300 километри надвор од Даблин, за да се врати дома.

„Нашиот тим беше пречекан од домаќинот со срамни манири. Иако со ограничен буџет, обезбедивме чартер-лет со цел нашите фудбалери брзо и без поголем напор да стигнат во Ирска, но не наидовме на адекватен прием. Ирците не ги послушаа насоките и интервенцијата на УЕФА и не примораа да слетаме на аеродром оддалечен 300 километри од Даблин. Но, ова нема да не спречи во решеноста да го минеме овој противник, а од Министерството за внатрешни работи на Македонија побаравме да ни помогне барем да се вратиме од Даблин“, се вели меѓу другото во соопштението на Шкупи.

Шкупи во соопштението прашува, дали ќе беше вака третиран како клуб, ако доаѓаа од земја како Италија, Шпанија …

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…