Попладнево се одиграа 7 средби од ПМФЛ каде сигурни победи запишаа Шкендија и Шкупи, а Пелистер и Академија Пандев одиграа реми без голови.
Шкупи со голот на Цветановски во 5-та минута ја најави победата, а потоа Сандеј Адетуњи постигна два гола за убедлива победа од 3:0 над Македонија ЃП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шкендија славеше против Скопје со головите на Нухиу и Кривак, додека Ренова со гол во судиското продолжение ја победи Струга.
Брегалница славеше против Тиквеш со 2:0, а Пелистер и Академија Пандев одиграа реми без голови.
Фото: Димитар Петковски