Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи испука „петарда“ против Пелистер

Шкупи испука „петарда“ против Пелистер

Попладнево во рамките на ПМФЛ беше одиграно 14 коло од домашниот фудбалски шампионат, а најубедливата победа ја запиша Шкупи против Пелистер (5:0).

Цветаноски беше херој во првиот дел и постигна два гола, Маркоски исто така се запиша во листата на стрелците и на паузата беше 3:0. Во вториот дел погодија Ѓорѓиевски и Чешмеџиев за убедливи 5:0.

Доста возбудливо беше на натпреварот помеѓу Академија Пандев и Тиквеш каде домаќините излегоа како победници после драмата (3:2).

Шкендија со голот на Кривак ја победи Брегалница 1:0, Борец претрпе тежок пораз од Ренова на домашен терен (1:4), а Струга со 1:0 беше подобра од Работнички.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…