Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија победи во Штип и се врати во трката за титулата!

Шкендија победи во Штип и се врати во трката за титулата!

Дефинитивно Шкендија комплетно се врати во трката за титулата откако денес тетовци ја забележаа шестата победа во низа во ПМФЛ победувајќи ја Брегалница со 1:0 во Штип.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 65-тата минута кога дефанзивецот Клисман Цаке ја погоди мрежата по корнерот на Ерландо Чинари. Создаде Шкендија уште неколку добри прилики, Дориев ја погоди пречката, Чинари дирекот, а свои прилики имаше и Брегалница.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пречката од голот на тетовци ја погоди Ѓорѓи Ѓорѓиев, додека Алтипармаковски имаше чист шут во последните моменти од првото полувреме.

Темпото на игра падна, по постигнатиот гол на Шкендија, па гостите успешно ја задржаа предноста и славеа победа.

Сега по 25 одиграни натпревари, Шкендија е трета со 50 бодови, Струга е лидер со 53, додека Шкупи со 45 бода утре го игра натпреварот од ова коло против Тиквеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…