Вечерва тимот на Шкендија заврши со настапите во Европа за оваа сезона.
„Тетовци“ вечерва запишаа пораз од 0:2 и со вкупни 1:5 го загубија двомечот со Розенборг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот од Тетово и тоа како има за што да жали, голот за надеж како што беше наречен оној во првиот натпревар можеше да има големо значење доколку македонскиот претставник барем малку го посакаше среќата.
Шкендија започна добро создаде неколку прилики за погодок, а во 20-та минута добија и пенал. Сепак, Бесарт Ибраим не ја реализираше најстрогата казна.
И после промашениот пенал Шкендија не се откажуваше, а на полувреме се замина без погодоци.
После само четири минути игра во вториот дел Шкендија доби нов пенал, а овој пат не реализираше Емини.
Искусна екипа како Розенборг знаеше како да ги казни промашувањата на Шкендија, па Ховланд во 67 минута погоди за 0:1, за во финишот од натпреварот Региниусен да ги постави конечните 0:2