Фудбалерите на Шкендија ја освоија четвртата титула во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево го победија Борец (3:1).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тетовчани со победа против Борец ја освоија титулата во ПМФЛ по 2019 година, кога последен пат беа прваци на Македонија.
Шкендија пред мечот имаше предност од 13 бода од Шкупи, кој пак славеше денес над Работнички (2:0).
Иако по првите 45 минути имаше негатива од 0-1 поради автоголот на Бејтулаи, тетовчани во вториот дел направија комплетен пресврт со головите на Мурати, Ибраими и Хебај.
Вардар ја победи Беласица со 1:0 и официјално ја испрати во втора лига, па така остана надеж за „црвено-црните“ дека можат да избегнат испаѓање од лигата.
Автор: Петре Кузманоски
🎶 We are the Champions 🏆#Shkëndija 🔴⚫ pic.twitter.com/cRlhVSWo3k
— Shkëndija Football Club (@fcshkendija) April 25, 2021