Еден од најталентираните македонски фудбалери Дашмир Елези ја напушти Шкендија и кариерата ќе ја продолжи во грузискиот Торпедо Кутаиси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шкендија во соопштението со кое се потврдува трансферот на Елези се истакнува дека клубот го прифатил неговото и барањето на семејството тој да замине надвор од границите на Македонија.
„Шкендија изразува максимална благодарност за целиот придонес на Елези во црвено-црниот дрес, посакувајќи му многу успех во неговиот професионален пат во меѓународниот фудбал“, велат од Шкендија.
Елези во дресот на Шкендија дебитираше со 16 години и се впиша во историјата на македонскиот фудбал како еден од најмладите играчи што успеал да се запише во листата на стрелците.