Само што започна вториот дел од сезоната во македонскиот фудбал започнаа жалбите и поплаките на судењето.
Веќе неколку клуба од ПМФЛ и ВМФЛ изразија незадоволство од арбитражата, а сега се огласи и Шкендија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Шкендија не се задоволни од тоа како судиите си ја завршиле работата во натпреварот во кој ремизираа против Гостивар 2:2.
„Сакаме да ве информираме за нашиот став во врска со последниот натпревар од 20. коло против Гостивар. Како клуб посветен на правдата и интегритетот на фудбалските терени, ние почувствувавме обврска да го изразиме своето незадоволство од делењето на правдата на овој натпревар, како и од промената на распоредот на средбите од 21. коло и дуелот против Вардар.
Во оваа прилика испративме официјална претставка до надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија, во која ја изразуваме нашата загриженост за погрешно справување со некои ситуации во текот на играта.
Ние како Шкендија продолжуваме да веруваме во транспарентност и објективност во процесот на делење на правдата и веруваме дека оваа реакција ќе биде третирана сериозно од страна на Федерацијата. Ова јавно соопштение е објавено за да се разјасни мислењето дека клубот реагираше сега, како и секогаш, на различни официјални канали или со соопштенија за јавноста“, стои во соопштението од тетовскиот клуб.