Двајцата поранешни напаѓачи Алан Ширер и Тиери Анри се првите играчи примени во Куќата на славните на Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ширер таа чест ја заслужи како најдобар стрелец во Премиер лигата на сите времиња со 260 постигнати голови за Блекбурн со кој ја освои титулата, како и со Њукасл.
„Кога ќе погледнете кои се неверојатни играчи настапуваа во Премиер лигата од недела во недела и од сезоната се чувствувам, почестено поради влегувањето во Куќата на славните. Им се заблагодарувам на играчите со кои играв и сите менаџери кои ме водеа“, изјави Ширер.
Анри четири пати беше најдобар стрелец во една сезона во Премиер лигата и водечки голгетер на сите времиња во Арсенал со 175 голови во 258 настапи. Со овој клуб два пати беше англиски шампион сезоните 2001/2002 и 2003/2004.
„И повеќе од посебно е да бидете еден од првите двајца во Куќата на славните и тоа со Алан Ширер. Кога бев млад се трудев да дојдам до копачки, а сега зборуваме за Куќата на славните“, изјави Анри.