Дома Фудбал Англија Ширер го прашаа дали се кае што го одбил Манчестер Јунајтед – даде јасен одговор (ФОТО)

Ширер го прашаа дали се кае што го одбил Манчестер Јунајтед – даде јасен одговор (ФОТО)

sherer

Алан Ширер секогаш ќе има посебно место во историјата на англискиот фудбал.

Овој човек иако никогаш не заигра за некој од посилните англиски клубови успеа да стане најдобар голгетер во историјата на Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ширер во својата кариера постигна 260 погодоци, покрај тоа тој ќе остане и запаметен како фудбалер кој на два пати го одбил Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон два пати се обидуваше да го доведе Ширер. Првиот пат беше во 1992 година кога направи трансфер Блекбурн, а потоа и во 1996 година кога го избра Њукас.

Денес Ширер беше активен на социјалните мрежи каде што одговараше на прашања на навивачите. Едно од прашањата беше дали се кае што го одбил Манчестер Јунајтед.

„НИКОГАШ! Не можев да ги смислам ниту тогаш, не можам да ги смислам и денес“, порача Ширер преку неговиот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…