Дома Трансфер зона Шефот на главниот спонзор на Интер: Со Кавани и Вернер би биле одлични, уште и Ериксен ако биде во форма..

Шефот на главниот спонзор на Интер: Со Кавани и Вернер би биле одлични, уште и Ериксен ако биде во форма..

Судејќи според зборовите на шефот на „Пирели“, долгогодишниот главен спонзор на Интер клубот ќе гради силен тим во наредниот период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последната недела многу играчи се поврзуваат со Интер, едни од нив се Едисон Кавани и Тимо Вернер, меѓутоа конкуренцијата и за двајцата е голема. Марко Тронкети кој е шеф на „Пирели“ потврди дека партнерството со клубот ќе продолжи и најави напад на едни од најбараните играчи на пазарот.

„Пирели ќе остане поврзан со Интер. Кавани е голем играч, направи многу во неговата кариера и верувам дека ако дојде и во Интер може да продолжи да игра на високо ниво. Вернер е одличен и со нив двајца сигурно би биле силни, уште и ако Ериксен влезе во форма…“, изјави Тронкети.

Секако, ако овие двајца пристигнат во клубот тогаш веројатно ќе видиме заминување на Лаутаро Мартинез кој на големо веќе некое време се поврзува со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…