Дома Фудбал Англија Шефилд Ј.-Челзи: Шефилд конечно заигра фудбал, Тухел одлично почна со Челзи

Шефилд Ј.-Челзи: Шефилд конечно заигра фудбал, Тухел одлично почна со Челзи

Челзи ќе сака да го задржи импресивниот почеток во ерата под водство на Томас Тухел и на Брамал Лејн против Шефилд Јунајтед. Сините во четвртокот го совладаа Тотенхем со 0:1 за да го одржат својот интензитет, додека „Блејдс“ исто така најдоа некаква подобра форма во текот на изминатите неколку недели.

Тухел стартуваше одлично со Челзи

Пеналот на Жоргињо во првото полувреме, се покажа доволен за Челси да извојува заслужена победа кај Тотенхем.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Таа прва победа на гостински терен под водство на Тухел беше втора, по нивната победа од 2:0 над Барнли и реми 0:0 со Вулверхемптон. Тухел веќе освои седум поени со кои „сините“ можат да бидат задоволни.

Можеби најимпресивно од се е тоа што Челси не прими гол од своите противници во овие три натпревари.

Навистина, Тухел е првиот шеф на „сините“ од времето на Жозе Мурињо пред 17 години, кој одржува празна мрежа на својата екипа на неговите први три натпревари на чело на клубот.

Сепак, пред Тухел има еден куп работа. Челзи се наоѓа на шестата позиција на табелата, со четири бода помалку од четвртопласираниот Ливерпул и седум бода помалку од лидерот Манчестер Сити.

Шефилд невозможната мисија, ја врти во своја полза

Шефилд Јунајтед конечно почна да личи на екипа во текот на изминатиот месец. Избраниците на Крис Вајлдер ја забележаа првата победа во сезоната против Бристол Роверс во третото коло од на 9-ти јануари. Од тогаш работите почнаа да се одвиваат во добра насока за тимот.

Всушност, тимот од Јоркшир сега победи во пет од последните седум натпревари во сите натпреварувања – серија што вклучува и неверојатна победа на гостувањето кај Манчестер Јунајтед пред неколку недели.

Вајлдер сè уште има невозможна задача да ја спаси својата екипа од испаѓање од лигата, но нивната мисија да избегнат испаѓање повеќе не изгледа толку недостижна како пред еден месец.

Наш предлог:

Победа на Челзи @ 1.50 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…