Јуп Хејнкес на клупата на Баерн е само неколку дена, но веднаш се почувствува промената. Баварците запишаа две последователни победи и тоа со гол разлика 8:0.
Еминентниот весник „Билд“ денес ги открива шесте правила кој ги воведил искусниот тренер со намера повторно да го врати Баерн на победничките патеки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ограничување на мобилните телефони
На играчите им се забранува користење на смартфони за време на оброците и додека се на масажа.
Точност
Хејнкес смета дека точноста е многу важна – кога фудбалерите пристигнуваат на тренинг, кога заминуваат, кога одат во ресторанот на оброк, кога си легнуваат итн. Кај Карло Анчелоти слични наружувања не беа санкционирани.
Чистота
72-годишниот стратег држи многу до чистотата и затоа бара од фудбалерите само да си ги чистат шкафчињата во соблекувалната и тоа секој ден.
Учтивост
Независно со кого комуницираат – соиграчи, раковдството па дури и чистачките, фудбалерите се должни да се однесуваат учтиво и со почит.
Без групи во тимот
Хејнкес му забранил на фудбалерите да се делат во одредени групи во соблекувалната, зошто атмосферата е добра само кога колективот е силен.
Сите заедно во ресторанот
Фудбалерите се должни да се хранат заедно после тренинзите.