Дома Фудбал Италија Шевченко тврди: Пјонтек е мојот наследник!

Шевченко тврди: Пјонтек е мојот наследник!

Украинската легенда Андреј Шевченко го посочи Криштоф Пјонтек како негов наследник во дресот на Милан.

Полскиот „пистолеро“ пристигна во Милан во јануари од Џенова за 35 милиони евра и до сега на 9 меча за Милан постигна 9 погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Пјонтек го гледам мојот наследник. Може да постигнува голови еднакво добро со двете нозе, но и со глава. Многу му помогна на Милан. Го гледав дербито со Интер, иако „росонерите“ загубија имаа неколку добри шанси да израмнат на крајот. Сметам дека на крајот Милан ќе успее да избори пласман за Лигата на шампиони“, смета Шевченко.

„Јас во Милан играв со многу шампиони. Мислам дека во мое време најважен играч во тимот беше Пирло. Тој го смени лицето на целиот тим. Додека Кака беше специјален играч и најдобриот фудбалер со кого сум игал. Секако, за добрите резултати во тоа време многу заслужен беше и Анчелоти“, додаде легендарниот напаѓач на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…