Дома Фудбал Италија Шевченко на вечера со Малдини: Познат начинот на кој би се вратил во Милан!

Шевченко на вечера со Малдини: Познат начинот на кој би се вратил во Милан!

Mилан колку-толку се држеше во претходните сезони, не се пласираше во Лигата на шампионите, но беше блиску, а оваа сезона изгледа дека ќе биде подпросечна!

„Росонерите“ катастрофално ја започнаа новата сезона со тренерот Џампаоло. Четири порази на шест натпревари, само четири дадени гола, два од пенал, очајна игра…Се што не може да се игнорира и тренерот Марко Џампало набрзо веројатно ќе ја плати цената.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пишуваат дека тој ќе остане на клупата на следниот натпревар со Џенова и дека во текот на репрезентативната пауза ќе добие отказ.

Како потенцијални наследници се споменуваа Лучијано Спалети и Макс Алегри, меѓутоа овие двајца имале преголеми финансиски барања и клубот од „Сан Сиро“ се откажал. Се пишуваше и за  Руди Гарсија и Клаудио Раниери, но на крајот само две имиња останаа во игра: Андреј Шевченко и Џенаро Гатузо.

Поранешните соиграчи и добри пријатели чекаат сигнал од капитенот на златната генерација Паоло Малдини, а изгледа дека поблиску е Шевченко. Малдини и Шевченко вечерва ќе се сретнат после натпреварот помеѓу Аталанта и Шахтјор на „Сан Сиро“.

Најголема препрека за Шева да се врати на клупата на Милан е неговата селекторска позиција во Украина и него не му паѓа на памет да и сврти грб на Украина кога оваа селекција е на чекор од пласман на ЕП.

Меѓутоа има решение. Имено, него во Украина му помага легендарниот дефанзивец на Милан и долгогодишниот помошник на „Сан Сиро“ на Анчелоти, Мауро Тасоти. Еден од најпознатите помошни тренери во светот на фудбалот би го превземал Милан додека Шевченко има репрезентативни обврски, а за Малдини тоа е прифатлива опција затоа што Тасоти му беше соиграч и тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…