Дома Фудбал Италија Шевченко за Серија А: Милан напредува, но за титула е рано, мило ми е за Пирло, Интер е опасен

Шевченко за Серија А: Милан напредува, но за титула е рано, мило ми е за Пирло, Интер е опасен

Селекторот на Украина, Андреј Шевченко во интервју за „Газета дело Спорт“ порача дека напредокот на Милан е забележителен, но не е доволен да се бори за титулата во претстојната сезона.

Тој ги пофали луѓето кои ги започнале промените во клубот (Бобан и Малдини).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Милан? Кога носите дрес на така голем клуб, притисокот е огромен. Милан играше добро после паузата поради Ковид. Пронајдоа своја структура. Не си дозволувам самиот на себе да влегувам во плановите на клубот, го зборувам само она што сум го видел. На Милан му оди добро, Малдини и Бобан направија некои добри работи и резултатите почнаа да доаѓаат. Пиоли исто добро си ја врши работата. Му даде идентитет на тимот и стекна доверба од играчите. Милан има проблем со континуитетот“.

Борбата за титулата во Серија?

„Мислам дека ќе биде поинтересна од претходните години. Конте добро работи и Интер сериозно му се заканува на Јувентус. Очекувам конкуретно првенство, тука се Лацио, Наполи, Аталанта…Милан се засили. Меѓутоа за Милан е уште рано, не верувам дека ќе се борат за титулата. Треба да се оди чекор по чекор, пласман во Лигата на шампионите би значел добра сезона за Милан. Оваа и следната година би можеле да бидат клучни за клубот“.

Пирло на клупата на Јувентус?

„Навистина ми е мило за него и сигурен сум дека добро ќе се снајде. Со Андреа имам посебен однос. Сега имам баш многу пријатели тренери во Серија А“, зборуваше помеѓудругото Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…