Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако минатиот месец поради здравствени проблеми беше ставен во индуцирана кома и приклучен на респиратор.
Играчот од средниот ред на Митјиланд е префрлен на понатамошно лекување во центарот за рехабилитација „Неуроцентар Хамел“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данскиот клуб денеска соопшти дека Олсон боледува од ретко воспалително заболување на мозочните садови и дека е префрлен во центар за напредна рехабилитација на невролошки нарушувања. Олсон повеќе не е респираторна поддршка, но неговите моторни и говорни функции сè уште не се вратени.
Лекарите специјалисти проценуваат дека рехабилитацијата ќе трае неколку месеци, но велат дека е рано да се прогнозира каков ќе биде исходот од лекувањето.
На 20 февруари, Швеѓанецот изгуби свест во својот дом и бил префрлен во болница каде што беше приклучен на респиратор. Точната дијагноза тогаш не беше позната, но беше наведено дека има згрутчувања на крвта во мозокот.
Олсон забележа 47 настапи за шведската репрезентација и 86 за Митјиланд, постигнувајќи седум гола.