Шведска се искачи на првото место во групата откако попладнево ја победи Словачка со 1:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После анемичното прво полувреме во кое не видовме многу шанси, во вториот дел Шведска тргна поофанзивно.
После неколкуте шанси, клучниот момент се случи во 77-та минута, кога Форсберг беше прецизен од белата точка.
Словачка до крајот не успеа да израмни и остана на три бода од првиот меч, додека Шведска сега има четири бода и е лидер во групата.