Следното коло кое е пред нас во Лигата на шампионите ни го носи и натпреварот во Белград во кој ќе играат Црвена Звезда и Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
При гостувањето на Ливерпул големо внимание привлекува швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири.
Шаќири сега во разговор за англиските медиуми се обиде да ја смири топката пред доаѓањето во Белград.
„Она што се случи на Светското првенство е минато и ова е само уште еден обичен натпревар за мене. Фудбалот е фудбал, а политиката е политка. Одиме таму да играме фудбал. Не одам за да правам било што друго“, изјави Шаќири.
Фудбалерот потоа доби и прашање за квалитетот на Звезда.
„Не мислам дека Црвена Звезда е најдобар противник, да бидам искрен затоа не сум загрижен за натпреварот во Белград“, заврши играчот од средниот ред на „црвените“.