Дома Фудбал Останато Шаќири: Навивачите на Звезда ја навредуваа мојата мајка и сето го слушаше и татко ми

Шаќири: Навивачите на Звезда ја навредуваа мојата мајка и сето го слушаше и татко ми

saqquiri

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири не отпатува во Белград на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда, а тоа беше одлука на Јирген Клоп.

Клоп пред натпреварот истакна дека Шаќири нема да патува за Белград, конкретна причина не наведе. Сепак, на сите им е јасно зошто фудбалерот не отпатува на гостувањето против Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Шаќири на Мундијалот во Русија постигна гол против Србија и го прослави покажувајќи го албанскиот симбол.

Сега, Шаќири тврди дека навивачите на Звезда на гостувањето во „Енфилд“ испраќале навреди кон него и тоа пред неговиот татко.

„Слушнав како ја навредуваа мојата мајка додека бев покрај теренот. Мојот татко беше на стадионот и го слушна тоа. Од една страна ја разбирам одлуката да не одам во Белград иако сакав да помогнам на тимот“, изјави играчот за врска на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…