Дома Фудбал Англија Шаќири: Мурињо отпуштен поради мене? Не верувам

Шаќири: Мурињо отпуштен поради мене? Не верувам

shaquri

Крилниот фудбалер на Ливерпул, Џердан Шаќири изјави дека е зачуден што многу луѓе зборуваат дека неговите голови во дербито против Манчестер Јунајтед се причината поради која Мурињо заработил отказ.

Клоп Шаќири во игра го внесе во 70-тата минута во дербито при резултат 1:1 и Шаќири до крајот на натпреварот успеа да постигне два погодоци со што ги постави конечните 3:1 на натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека сите дојдоа да ми се заблагодарат. Луѓето ми зборуваа како сум станал легенда. Беше убаво да се слушне, но во прашање е само еден првенствен натпревар, освоивме само три бода“, изјави Шаќири и додаде дека многу пријатели и познаници му сугерирале дека неговите голови директно влијаеле на отказот на Мурињо.

„Не верувам дека Манчестер Јунајтед го отпушти Мурињо само поради тоа што ги победивме. Мора да постојат и други причини“, смета Шаќири.

https://www.youtube.com/watch?v=E1P6_6hS-CE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…