Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири е пред заминување од Лион и преселба во МЛС лигата во тимот на Чикаго фајр.
Шаќири минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Лион со кој потпиша договор до јуни 2023 година. Сепак, авантурата во францускиот тим за крилниот напаѓач изгледа ќе биде многу кратка. Според последните најави од Франција негова желба е да продолжи во Чикаго.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лион ја прифатил понудата од американскиот клуб и наскоро се очекува и официјализација на трансферот. Во кариерата Шаќири покрај Ливерпул го носеше дресот и на Стоук, Интер, Баерн Минхен и Базел.