Дома Фудбал Италија Шаќири заминува на позајмица во Серија А?

Шаќири заминува на позајмица во Серија А?

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири би можел од следната сезона повторно да игра во Италија.

Шаќири не е во плановите на Јирген Клоп за наредната сезона и извесно е дека на лето ќе го напушти Енфилд, а како и обично, веќе на големо се шпекулира за тоа каде би можел да ја продолжи својата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Ливерпул му дале до знаење на Шаќири дека може да си бара нова средина, а според информациите до кои дојде Калчомеркато, следната станица за 28-годишниот фудбалер би требало да биде Рома.

Челниците на Волчицата сакаат да го донесат Шаќири на позајмица, а во разговорите инсистираат на опција и за откуп на неговиот договор по крајот на позајмицата.

„Моментално петопласираниот тим од Серија А ќе тргне по Шаќири откако ќе се отвори трансфер пазарот.“ – пренесуваат Италијанците.

За Шаќири уште се интересираат и Севиља, ЦСКА и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Манчестер Јунајтед вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи со поразот од К…