Дома Фудбал Шаќири го пропушта гостувањето на Ливерпул во Белград?

Шаќири го пропушта гостувањето на Ливерпул во Белград?

Ливерпул во Лигата на шампионите игра во група заедно со белградска Црвена Звезда, а член на „црвените“ е Џердан Шаќири кој сигурно не би имал „топло“ добредојде на „Маракана“.

Поради целата ситуација англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул наводно размислува да го изостави играчот за врска за гостувањето во Белград со цел да не се ризикуваат потенцијални немири и проблеми.

Сеќавањата од Мундијалот на кој Шаќири прославуваше гол со „двоглав орел“ во натпреварот против Србија се уште се свежи, па јасно е дека Србите поради му спремаат жесток пречек.

Како што се пишува Клоп сака со изоставувањето на Шаќири да избегне било какви потенцијални контроверзии.

Натпреварот помеѓу Звезда и Ливерпул на програмата е на 6 ноември во рамките од четвртото коло во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…