Дома Фудбал Репрезентации Шаќири влезе во расправа со српски новинар: Пријателе, само дадов гол, тоа ми е работа…

Шаќири влезе во расправа со српски новинар: Пријателе, само дадов гол, тоа ми е работа…

Контроверзиите помеѓу Џердан Шаќири и српските навивачи и новинари продолжија и по вчерашниот пораз на Швајцарија од Португалија со 6:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новинар на српски Телеграф му пријде на Шаќири и го праша: „Зошто ги провоцирате Србите?“

Шаќири на тоа се насмевна и одговори: „Пријателе, постигнав гол, само си ја вршев работата“. Потоа, насмеан, неколку пати повтори: „Ви дадов два гола, го знаеш тоа…“.

Новинарот му одговорил дека не е негова работа да провоцира, а Шаќири продолжил: „Два гола, ви дадов два гола во два натпревари..“

На ова реагираше портпаролот на швајцарскиот фудбалски сојуз и го тргна Шаќири на страна, но српскиот новинар ја продолжи дискусијата: „Зошто се смеете кога загубивте со 6:1?

Шаќири одговори: „Да плачам?

Српските новинари се обидоа да разговараат и со Гранит Џака, меѓутоа иако Џака сакаше да разговара со српските новинари портпаролот на репрезентацијата инсистираше да нема разговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перез за време на „Ел Класико“ го зеде телефонот и направи клучен повик

Поразот во Ел Класико беше јасен знак за Флорентино Перез да сега мора да започне со проме…