Дома Македонски спорт Мак фудбал Шамрок – Шкупи: Македонскиот шампион со голема самодоверба во Ирска

Шамрок – Шкупи: Македонскиот шампион со голема самодоверба во Ирска

Македонскиот шампион Шкупи вечерва во Даблин гостува кај шампионот на Република Ирска, Шамрок Роверс, во рамки на квалификациите во Лига Европа. Ова е меч меѓу две екипи, шампиони на своите земји кои беа елиминирано во второто коло од квалификациите за пласман во групите на Лигата на Шампиони.

Ирците со добра евро сезона

Шамрок Роверс ја пропушти шансата да се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако загуби со вкупни 4:2 против Лудогорец. А ирците беа многу блиску до сензација против големиот фаворит. Остварија победа од 2:1 во реваншот против бугарската екипа, соголовите на Арон Грин и Аидомо Емаху, но нивниот пораз од 3:0 во првиот натпревар во Разград се покажа преголем. Имаа водство од 2:0 и им требаше гол, но наместо во мрежата на Лудогорец, голот падна во нивната мрежа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инаку, тие во првото коло славеа над шампионот на Малта, Хиберниан. На Малта беше 0:0, додека на домашен терен забележаа победа од 3:0. Се на се, ова веќе е успешна евро сезона за Шамрок и тие без разлика на резултатот од двомечот со македонскиот шампион, ќе бидат задоволни.

Шамрок со долга победничка серија на домашен терен

Тимот на Стивен Бредли по мечот со Лудогорец забележа удобна победа од 4:0 на гостински терен над Бангор во првото коло од ФАИ Купот минатиот петок, па сега екипата сепак во добро расположение го пречекува Шкупи.

Шамрок, кој моментално има седум бода предност на врвот во Премиер дивизијата во лигата на Република Ирска со само 12 преостанати натпревари, не поразен во нивните последни 26 натпревари на домашен терен во сите натпреварувања, а нивниот последен пораз на стадионот Талаг датира од Август минатата година кога загубија од Флора во квалификацискиот натпревар за Конференциската лига на Европа.

Последен пат кога „Хоповите“ се натпреваруваа во групната фаза на Лига Европа беше во сезоната 2011-12 кога се соочија со Тотенхем, Рубин Казан и ПАОК.

Шкупи сака пласман во групите

Шкупи исто така беше исфрлен во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите бидејќи претрпе вкупен пораз од Динамо Загреб со 3:2.

И покрај тоа што во првиот натпревар забележаа респектабилни 2:2 на гостински терен, Шкупи во реваншот минатата среда загуби во Скопје со 0:1, а репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми го постигна единствениот гол на натпреварот за хрватскиот тим, само две минути по стартот на второто полувреме.

Момците на Гоце Седлоски сега ќе бараат предност во првиот натпревар со Шамрок во четврток, бидејќи за првпат во својата историја се обидуваат да се квалификуваат во групната фаза на едно големо европско натпреварување.

По тешката елиминација на Линколн во првото коло, Шкупи како да фати ритам и тоа добро с евиде против Динамо Загреб. Сега, ако екипата на Седловски одигра како против хрватите, не треба да се грижи за резултатот од овој двомеч.

Очекување:

Квалитетот е на страната на Шкупи, особено по она што се виде на дуелот против Динамо Загреб. Шамрок сепак игра дома, а и искуството е на нивна страна. Веројатно ќе следиме еден доста неизвесен меч, а јас очекувам дека и двете екипи ќе се обидат да дојдат до гол повеќе. Шкупи не знае да се брани, но секако дека ќе игра претпазливо. Шамрок пак кога игра дома може против секого и нема сомнеж дека ќе нападне, а тоа пак ќе им даде некаква можност на брзите крила и напаѓачи на Шкупи. Мислам дека ќе видиме барем по еден гол на двете страни.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија пред тешка мисија, Лазаров направи две промени

Македонските ракометари вечерва ќе го играат најважниот натпревар оваа година, на домашен …