Дома Фудбал Чурлинов со факел во рацете помеѓу навивачите го славеше враќањето на Шалке во Бундеслигата 📸

Чурлинов со факел во рацете помеѓу навивачите го славеше враќањето на Шалке во Бундеслигата 📸

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов игра како позајмен фудбалер во редовите на Шалке, а беше главна ѕвезда во тимот откако овој тим обезбеди враќање во Бундеслигата.

Чурлинов со асистенција учествуваше во пресвртот против Сент Паули, а потоа со навивачите на клубот од Гелзенкирхен лудо го славеше големиот успех. Македонецот влезе помеѓу навивачите и славеше со факел во рацете.

За Шалке ова е експресно враќање во елитата откако минатата сезона испаднаа во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …