Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е блиску до преселба во Полска во редовите на Јагиелонија.
Тој веќе ги договорил личните услови за едногодишна позајмица со новиот клуб, а сега останува само клубовите Јагиелонија и Барнли да постигнат договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чурлинов по завршувањето на позајмицата во Шалке се врати назад во Барнли, но, извесно е дека македонскиот репрезентативец не е дел од плановите на тимот за новата сезона во Чемпионшип.
Јагиелонија го започна новиот шампионат во Полска со три победи, и според полските извори наскоро ќе потпишат со Чурлинов.