Македонската младинска репрезентација одигра одличен натпревар против Казахстан и славеше победа од 1:4, сега пред младинците е нов предизвик – Израел.
Најдобар поединец во победата против Казахстан беше Дарко Чурлинов кој блескаше во тој дуел, сега најави и бодови против Израел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоа што го направив, го направив за екипата за да бидеме поблиску до пласман на Европското првенство. Мило ми е што резултатот излезе како што излезе на краот, голот кој го постигнав пред полувремето беше важен, драго ми е што помогнав на тимот“
„Со Израел сме подготовени да дадеме се од себе и повеќе од 100%, се надеваме и ние на три бода. Ќе се придружуваме на она што го зборува селекторот и тоа е најважно за нас. На нас е да ги одиграме сите натпревари до крај и да освоиме колку што можеме повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме или не“, изјави Чурлинов пред Израел.