Дома Фудбал Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска против Копенхаген постигна гол за победа.

Чурлинов голот го постигна во 97. минута за триумф од 2:1, а по натпреварот сепак остана скромен.

„Не сум херој само јас, целиот тим е заслужен за оваа победа. Покажавме дека можеме да се вратиме и против најдобрите, заслужуваме да сме тука“, изјави Чурлинов.

За Јагелонија ова беше прв натпревар во Конференциската лига, па секако е важно што тимот стартуваше со три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…