Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов кој беше стрелец в неделата против Гибралтар е казнет со 25.000 евра за факелот кој го запали при славјето за враќањето на Шалке во Бундеслигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот фудбалер е казнет заедно со соиграчот Малик Тиав за неспортски однос на теренот. Во големата прослава Чурлинов доби факел од навивачите кој го запали.




Во прославата после мечот со Сент Паули кој Шалке го доби со 3:2 Чурлинов беше еден од најеуфоричните. Од Шалке најавивја жалба на ваквата одлука.




Ќе потсетиме Чурлинов за овој клуб играше на едногодишна позајмица од Штутгарт и во овој момент се водат преговори за да биде дел од Шалке и во наредната сезона.