Дома Фудбал Лига на шампиони Чудото од дете не застанува: Халанд пишува историја во ЛШ!

Чудото од дете не застанува: Халанд пишува историја во ЛШ!

Ред Бул Салзбург оствари убедливап обеда против Генк на гости од 1:4 и така остана во трка за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Без разлика дали ќе успее или не во таа цел австрискиот шампион ја има една од приказните на оваа сезона, таа се вика – Ерлинг Халанд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата која после многу години се најде во елитното натпреварување се најде во група со Ливерпул, Наполи и Генк. После пет кола Ред Бул се наоѓа на третата пзоција, но судбината ја држи во свои раце. Ако во последното коло на свој терен го победат Ливерпул тие ќе обезбедат пласман во нокаут фазата и ќе го елиминираат актуелниот шампион на Европа.

Тинејџерот на овој тим Ерлинг Халанд (19) ќе биде еден од играчите кои ја обележиле оваа сезона во ЛШ без разлика дали Салбзург ќе помин или не. Халанд постигна барем еден гол на првите пет натпревари во најелитното европско натпрварување и стана првиот тинејџер на кој му успеало такво нешто.

Во 19 натпревари во сите натпреварувања веќе постигна 27 гола, а има и седум асистенции. Гол постигнува на секои 47 минути. Во Лигата на шампионите постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…