Францускиот гигант ПСЖ сезонава сака успех како во домашното првенство така и во Европа, главната цел на тимот е освојување на Лигата на шампионите.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На последниот натпревар во Лигата на шампионите ПСЖ забележа победа против Реал Мадрид, но веќе во викендот кој е зад нас беа поразени од Нант во домашното првенство со 1:3. Тоа за ПСЖ сезонава беше трет пораз, претходно загубија од Манчестер Сити и Рен.




Интересно е што во тие три дуели кои ги загуби ПСЖ во стартниот тим играше триото кое се најавуваше како страв трепет Нејмар – Мбапе – Меси.




Нејмар претходно беше повреден од 28. ноември до 20. февруари и во тој период ПСЖ немаше пораз во ниту едно натпреварување. Во 2022 година имаа примено само два гола, а по враќањето на Бразилецот примија три за 45 минути.




Останува да видиме како во наредниот период ќе игра ударното трио на клубот од Париз.