Дома Фудбал Лига на шампиони Чудна одлука: Што повеќе направи Тадиќ од Роналдо?

Чудна одлука: Што повеќе направи Тадиќ од Роналдо?

Душан Тадиќ пред една недела го воодушеви фудбалскиот свет со фантастичниот настап против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот фудбалер во победата над актуелниот европски шампион од 1:4 учествуваше со еден гол и две асистенции.

На крајот Тадиќ еден од најпознатите спортски медиуми францускиот „Л’Eкип“ го награди со „десетка“. Српскиот фудбалер така стана само деветтиот фудбалер во историјата кој добил „десетка“. Никој не се сомнева дека Тадиќ ја заслужи таа оценка.

Меѓутоа нешто чудно се случи оваа неела.

Имено, Кристиано Роналдо одигра фантастичен натпревар и во победата од 3:0 ги постигна сите три гола за Јувентус.

„Л’Екип“ овој настап на португалската суперѕвезда ја оцени со „деветка“ што е навистина чудно. Љубителите на фудбалот ширум светот се запрашуваат што може повеќе да направи еден фудбалер од тоа да постигне три гола и да го одведе својот тим во четвртфиналето. Дополнително на тежина дава и тоа што Јувентус беше поразен со 2:0 во првиот натпревар во Мадрид.

Одговор на ова прашање веројатно го имаат само уредниците на „Л’Екип“ и се очекува да излезат во јавноста со некакво објаснување.

Инаку, „Л’Eкип“ со десетка два пати го оценуваше Лионел Меси и тоа во натпреварите против Арсенал и Баерн Леверкузен, ќе потсетиме во натпреварот со германскиот тим постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тони Крос: Навивачи на Реал, денес заминува еден од најголемите

ПОСЛЕ две години откако Тони Крос (36) се збогуваше од Реал Мадрид, денес клубот го напушт…