Салзбург вчера успеа да освои бод против Наполи и така ги задржа шансите дека некако би можел да дојде до нокаут фазата.
Италијанците со победа можеа да го обезбедат своето место во наредната даза, но не успеаа во тоа, а гостите први стигнаа до предност кога Халанд погоди за 1:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред крајот на првото полувреме Лозано донесе изедначување за Наполи, иако избраниците на Анчелоти напаѓаа во второто полувреме не успеаа да постигнат уште еден гол.
Она што е интересно е што напаѓачот на Салзбург, Ерлинг Халанд испиша нова страница во фудбалската историја.
За Халанд ова беше седми гол во првите четири натпревари, со тоа стана првиот играч во историјата на ова натпреварување на кого му успеало нешто вакво.
Тој е само четвртиот играч во историјата на кого му успеало да постигне гол во првите четири натпревари и така се придружи на Зе Карлос, Алесандро Дел Пиеро и Диего Коста.
Seven goals in his first four Champions League appearances – two more than any other player in the competition’s history.
— SportsGridUK (@Sportsgriduk) November 6, 2019
And at just 19, RB Salzburg's Erling Braut Haaland could already be commanding a monster transfer fee
? https://t.co/puSA1fjQar #… pic.twitter.com/c3JADqlWDu
Сепак, никој од овие тројца не успеал да постигне седум гола.
Халанд ги престигна Раул и Мбапе кои постигнаа по шест голови за Реал и Монако кога беа тинејџери. Раул и Мбапе во цела сезона постигнаа шест, а Халанд само во четири натпревари.
Со овие седум гола Халанд е и прв стрелец во најелитното европско натпреварување, зад него следи Роберт Левандовски со пет постигнати гола.
#RT @brfootball: ◼ Raul 1995/96: 6
— Red Bun Football (@RBFutbolTweets) November 6, 2019
◼ Mbappe 2016/17: 6
◼ Haaland 2019/20: 7
Erling Haaland has scored more goals in a #UCL season than any teenager ever… in just four games ? pic.twitter.com/Lw5tkQQDed