Дома Останати Кошарка Чудесниот Луис Скола ги испрати Французите во натпреварот за трето место

Чудесниот Луис Скола ги испрати Французите во натпреварот за трето место

Кошаркарите на Аргентина се пласираа во големото финале на Светското првенство во Кина откак ово полуфиналето ја победија Франција со 80:66.

Иако Франција важеше за фаворит пред овој натпревар Аргентинците уште еднаш одиграа фантастичен натпревар и дојдоа до победа и пласман во големото финале. Покажаа дека победата над Србија не е случајност, а по се што прикажаа и заслужија да се борат за златото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинците подобро го отворија натпреварот и поведоа со 10:2. На крајот од првата четвртина имаа 21:18. До заминувањето на полувремето зголемија на 39:32.

Уште подобро го отворија Аргентинците вториот дел, додека Французите беа очајни во одбраната. Фурниер и Де Коло не успеваа да го пронајдат вистинскиот ритам.

Имаа Аргентинците плус 12 на крајот на третиот период, а до крајот успеаа за да ја задржат предноста и Франција ја испратија во борба за третото место.

Ветеранот Луис Скола игра неверојатна кошарка и ја предводеше Аргентина со 28 поени и 23 скокови.

Финалето на програмата е во недела, додека утре се играат натпреварите за медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…