Дома Останати Кошарка Чудесен трипл-дабл на Дончиќ. Никој пред него не успеал да го стори тоа

Чудесен трипл-дабл на Дончиќ. Никој пред него не успеал да го стори тоа

ЛУКА ДОНЧИЌ израмни еден и постави два трипл-дабл рекорди во НБА во победата на Далас над Мајами (114:108).

Словенечкиот феномен до партија за историја стигна со 35 поени (12/24 шут од поле, 7/13 за тројки) и 11 скока и асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред Дончиќ, само Стеф Кари и Џејмс Харден одиграа натпревар со овие бројки во клучните категории.

Ова е петти последователен меч за Дончиќ во кој оствари трипл-дабл со минимални 30 поени, израмнувајќи се со Расел Вестбрук.

Во 2017 година додека настапуваше за Оклахома стана првиот и до ден денес единствен што го направи овој подвиг на дури пет натпревари по ред во најсилната лига на светот.

Но, со ова достигнување Дончиќ направи два подвизи кои никој пред него не успеал. За најдобриот стрелец на НБА ова беше четврти натпревар во низа на кој имаше трипл-дабл со 35 поени, со што стана прв во историјата со ваква серија.

Инаку, сезонава има дури девет натпревари со ваков трипл-дабл. Сите други НБА играчи заедно собраа седум.

Дополнително, Дончиќ со својот учинок стигна до нереален просек од 37 поени, 11 скока и 10 скока на последните 15 натпревари. Тој е првиот во историјата на НБА кој го направил тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Не мируваат: Браќата на Јокиќ повторно направиле проблем

Страхиња и Немања Јокиќ одново се најдоа во центарот на вниманието откако предизвикаа нов …