Дома Трансфер зона Чуден и неочекуван трансфер се спрема на Бернабеу: Доаѓа играч кој на 33 години ќе го исполни детскиот сон

Чуден и неочекуван трансфер се спрема на Бернабеу: Доаѓа играч кој на 33 години ќе го исполни детскиот сон

Летото ќе биде возбудливо и во Мадрид каде можеме да очекуваме еден нов Реал. Многу нови имиња се поврзуваат со Реал и ќе видиме кој ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

Додека се поврзуваат големи имиња, во Реал се подготвува чуден и неочекуван трансфер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имаше и претходно гласини на оваа тема, многумина мислеа дека се работи за чисто трансфер шпекулации, но сега веројатно ќе биде вистина.

Поранешниот играч на Еспањол, Хоселу (33) наскоро би требало да потпише договор со Реал Мадрид.

Еспањол испаѓа од Примера, Хоселу има 33 години и многумина се во чудо по пишувањето на шпанските медиуми.

Хоселу долго време сака да игра за Реал Мадрид. Тоа го кажа во едно од интервјуата. Дресот на Реал би бил неговиот детски сон. Се чини дека овој сон ќе се исполни на 33 години.

Реал наводно е подготвен на Хоселу да му понуди двегодишен договор, а на Еспањол цифра од осум милиони евра, што е два милиони повеќе од моменталната вредност на шпанскиот фудбалер.

Во текот на својата кариера, Хоселу промени голем број на клубови, одреден период беше на позајмица во Реал Мадрид Кастиља, третиот тим на Реал.

Кариерата ја започна во Селта, а покрај Селта и РМ Кастиља го носеше дресот на Хофенхајм, Ајнтрахт од Франкфурт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл и Алавес, од каде во јули 2022 година пристигна во Еспањол.

Споменатиот фудбалер игра на напаѓачката позиција, а во кариерата два пати го носеше дресот на Шпанија и интересно постигна два гола за Црвената фурија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп отвори профил на Инстаграм и направи – хаос! 🎥

Jирген Клоп заминува од Ливерпул, утре за германскиот стратег ќе биде последниот натпревар…