Дома Фудбал Човекот кој требаше да биде „хрватскиот Меси“: Можеби требаше да бидам потрпелив во Барса

Човекот кој требаше да биде „хрватскиот Меси“: Можеби требаше да бидам потрпелив во Барса

Хрватскиот фудбалер, Ален Халиловиќ имаше чуден фудбалски пат, а на само 17 години направи историски трансфер во Барселона, меѓутоа подоцна неговата кариера не се развиваше онака како што се очекуваше.

Барселона на Динамо Загреб плати сума од два милиони евра, но десет години подоцна место на највисоко ниво, Халиловиќ игра во Фортуна Ситард од првата холандска лига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните неколку години Халиловиќ зад себе остави неуспешни епизоди во: Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард, Херневен, Бирмингем, Рединг и Ријека. Од денешна гледна точка тој смета дека требало да биде потрпелив додека бил во Барселона.

„Првите години во Барселона беа перфектни за мене, меѓутоа очекував да добијам вистинска шанса веќе во третата сезона. Сметав дека тоа е вистинско време да се покажам, меѓутоа Луис Енрике не ме гледаше како дел од проектот. Барса одлучи да ме испрати на позајмица и полека станував фрустриран. Не сакав нова позајмица и си кажав себе си,: „јас си заминувам од тука!““, раскажа Халиловиќ.

Изминатото лето одбил понуди од Саудиска Арабија.

„Ми нудеа богати понуди од Саудиска Арабија, но ги одбив затоа што сметам дека се уште имам шанса да направам нешто големо во Европа. Поради тоа го избрав Ситард да почнам нешто ново и интересно“, изјави хрватскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…