Дома Топ вести Човекот кој прв го најави заминување на Нејмар, го открива новиот клуб на Меси ?

Човекот кој прв го најави заминување на Нејмар, го открива новиот клуб на Меси ?

Марсело Беклер, човекот кој прв најави дека Нејмар ќе ја напушти Барселона и ќе потпише за ПСЖ, сега ја носи веста за Лионел Меси.

Аргентинецот вчера ги шокираше сите со одлуката дека побарал раскин на договорот со каталонскиот гигант, но раководството на клубот се уште не е помирено со одлуката и тврди дека Меси не може да оди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако и се верува на информацијата која ја пласираше Беклер, следниот клуб на аргентинската ѕвезда би можел да биде Манчестер Сити.

Според неговите информации преговорите помеѓу Меси и „граѓаните“ се започнати, но најпрво Меси треба да го реши проблемот со Барселона.

Барселона не сака да го пушти бесплатно бидејќи смета дека неговиот договор автоматски е продолжен, откако тој не ги известил на време на заминувањето и немаат намера да го ослободат од договорот.

Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, па сигурно ќе биде главна тема до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола спрема рекордна понуда за Виртц

Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англи…