Претседателот на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча денеска е човекот за кој најмногу пишува фудбалската јавност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на вчерашниот натпревар во кој неговиот тим играше против Ризеспор со бокс го удри судијата Халил Умут Мелер, а потоа продолжи и да го клоца додека тој лежеше на тревникот.
За скандалот да биде уште поголем, Коча освои фер-плеј награда во турската Суперлига и тоа во 2022 година. Воедно, Коча е долго време во турскиот фудбал, а тој е еден од политичарите кои беа дел од турското национално собрание од 2002 до 2011 година. Роден и израснат во Анкара, која двапати ја претставуваше во Парламентот.
„Инцидентот се случи поради низа неправилни одлуки и неговото провокативно однесување. Сакав вербално да изреагирам и да го плукнам во лице. Да, го удрив во пределот на лицето, а тој прво стоеше 5-10 секунди, а потоа падна“, се бранел Коча пред полицијата.
Инаку турската полиција веќе го уаппси Коча, а заедно со него се приведени и уште две лица.