Во вториот натпревар од денешната програма селекцијата на Мексико очекувано ја совлада Јужна Кореја со резултат 0:2.
Мексиканците во овој натпревар влегоа како посериозни фаворити, посебно после првиот натпревар во кој го совладаа светскиот шампион Германија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фаворитот на оваа средба до предност стгигна во 25 минута од натпревар со 14-тиот пенал од на овој Мундијал, сигурен реализатор беше Карлос Вела.
Корејците беа опасни само на стартот во продолжение од првиот дел Мексико можеше да постигне и уште некој гол, но во првите 45 минути видовме само еден погодок.
Во вторите 45 минути работите не се променија, Мексико одлично го чуваше резултатот, а во 66 минута Чичарито го реши прашањето на погодокот.
Ако им е за утеха, Крејците во судиското продолжение успеаа да намалат и тоа преку прекарсниот гол на најдобриот фудбалер на оваа селекција, Сон.
Мексико после две одиграни средби е лидер со шест бодови, второпласирана е Шведска со три која вечерва ќе го игра натпреварот против Германија, Кореа после овој пораз е без шанси за пласман во следната фаза.
Мексико може и уште вечерва да слави палсман во 1/8 финалето, но тоа би се случило само ако Шведска не загуби од Германија