Mилан со поразот од Интер беше елиминиран од Лигата на шампионите и како што стојат работите следната сезона нема да го гледаме во ова натпреварување бидејќи на три кола пред крајот на првенството „росонерите“ се шести во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во Милан веќе се подготвуваат за сезона во без Лигата на шампионите, а клубот на лето би требало да го напуштат 11 играчи.
Раководството е спремно да направи „чистка“ и да доведе нови сили по нивна „мерка“.
На списокот за заминување во Милано се: Златан Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ, Чипран Татарушану, Дивок Ориги, Жуниор Месиас, Астер Вранк, Јасин Адили, Фоде Бало-Туре, Антонио Миранте и играчите кои се на позајмица Сержињо Дест (Барселона) и Тајмон Бакјоко (Челзи).
Милан на табелата има 61 бод на петата позиција, четири помалку од Лацио, пет од Интер и осум од Јувентус.