Мартин Чилиќ се пласираше во полуфиналето на гренслемот во Мелбурн.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чилиќ во полуфиналето обезбеди пласман откако Рафаел Надал го предаде мечот (3:6, 6:3, 6:7, 2:0).
Надал во текот на мечот често пати покажуваше болни гримаси на лицето, а на крајот не издржа и мораше да го предаде натпреварот.
После овој пораз и поразот на Новак Ѓоковиќ во вчерашниот меч против Кореецот, Хјеон Чунг, прв фаворит за титулата во Мелбурн останува Рожер Федерер.
Чилиќ во полуфиналето ќе игра против Кајл Едмунд кој исто така направи изненадување и го совлада Григор Димитров.