Дома Фудбал Останато Чех: Финале против Челзи е совршен крај на кариерата, мојот сон е трофејот

Чех: Финале против Челзи е совршен крај на кариерата, мојот сон е трофејот

Голманот на Арсенал, Пет Чех изјави дека натпреварот против Челзи во финалето од Лигата на Европа ќе биде совршено завршување на неговата фудбалска кариера.

„Ќе биде одлично да се заврши кариерата во натпревар против Челзи. Мојот последен сон беше да играм во финалето од Лигата на Европа и тоа се случи. Сега мојот сон е да го освојам трофејот“, изјави Чех.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал се пласираа во финалето од Лигата на Европа по победата над Валенсија во полуфиналето со вкупен резултат од 7:3. Арсенал во финалето од Лигата на Европа, 29. мај во Баку ќе игра против Челзи. Тоа ќе биде последен натпревар кој Чех ќе го одигра во својата богата кариера, токму против клубот во кој помина 11 години.

Чех изјави дека верува дека би можел да продолжи да игра, но истакна дека сака да се повлече по сопствени услови.

„Има денови кога добро играте и верувате дека можете да продолжите. Би можел да играм уште две години, но подобро е да се пензионирам прерано отколку предоцна“, изјави Чех кој полни речиси 37. години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…